Рускиот хокеар Александар Овечкин стана најдобриот стрелец во историјата на НХЛ откако го постигна 895. гол, надминувајќи го легендарниот Вејн Грецки. Рекордот на Канаѓанецот стоеше од 23 март 1994.
Грецки беше на трибините кога играчот на Вашингтон Кепиталс го даде историскиот гол на синоќешниот меч со Њујорк Ајлендерс. Мечот потоа беше запрен на 20 минути за да му се оддаде признание на Овечкин.
„Каков момент за хокејот, каков момент за мене! Конечно веќе нема да ме прашуваат ‘кога ќе го направиш тоа?‘ Тоа е готово сега“, изјави 39-годишниот Овечкин, на кого му честитаа и Владимир Путин и Рускиот олимписки комитет.
Овечкин настапува за Вашингтон од 2005, кога дебитираше во НХЛ. Заедно го освоија единствениот Стенли куп во историјата на клубот, во сезоната 2017/18. Тој има дадено повеќе од 40 гола во 14 од своите 20 НХЛ сезони.
(Фото: АП)