„СИ ЉУБЕЛА, ЌЕ ЉУБИШ“, НОВА ПЕСНА НА КАРОЛИНА И ПИЈАН СЛАВЕЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Каролина Гочева и Пијан Славеј ја објавија новата заедничка песна „Си љубела, ќе љубиш“, во аранжман и продукција на Драги Иванов. Текстот и музиката се на Пијан Славеј, а Иванов свири клавијатури, акустична гитара и бас.

„Кога и да ми се јави Пијан Славеј со некоја идеја нешто да снимиме или испееме, прво велам ‘да’, па потоа преслушувам. Овојпат ни се придружи и Драги Иванов, младо име за кое веќе некое време слушам и со кого одамна чекав прилика да соработувам“, вели Гочева.

Песната е снимена од Иванов во студиото „Скопје ми скоп“ во Скопје, а тој е задолжен и за миксот и мастерингот.

За „Си љубела, ќе љубиш“ е снимен и спот, во кој играат Анастасија Трајковска и Стефан Ристевски. Песната е достапна на Јутјуб и на музичките платформи.