ШТИПЈАНЕЦОТ МАРИО ВАНЧОСКИ ОСВОИ СРЕБРЕН МЕДАЛ НА ХЕМИСКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ДУБАИ, А ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ОД ПРИЛЕП БРОНЗА

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

На 57. Хемиска олимпијада која по вторпат се одржува во Дубаи, македонските претставници се враќаат со нови медали во конкуренција на 354 натпрeварувачи од 90 земји во светот.

Младиот хемичар Марио Ванчоски од Штип по неколкуте освоени златни, сребрени и бронзени медали од светските натпревари по природни и технички науики , овој пат на втората едноподруга хамиска олимпијада што се одржа во Дубаи, по вторпат се враќа со медал, освојувајќи го и во теоретскиот и во практичниот дел севкупно второто место и сребрениот медал.

Вториот македонски олимпиец Петар Мирчевски од Прилеп исто така се враќа со вториот медел од Дубаи, па по ланскиот сребрен, сега се враќа во Македонија со бронзен медал.

Ванчоски е матурант во Штипската гимназија „Славчо Стојменски“, а неговиот врсник Мирчевски од Прилепската гимназија „Мирче Ацев“.

Од Македонската олимписка екипа со посебно признание и пофалница се закити и Теона Ана Георгиевска, ученичка во „Јахја Кемал“ во Скопје.

„Сите од македонската екипа сме задоволни од постигнатото и се надеваме дека и во иднина со успех ќе ја претставуваме Македонија“, ни рече Ванчоски.

Тој од последната Менделеева олимпијада во Бразил се врати со бронзен медал. Заедно со неговиот сокласник Иван Костевски имаат освојувано повеќе медали и се меѓу најдобрите во светот и на интернационалните натпревари по физика и останатите натпревари по природни и технички науки, а во македонски рамки веќе четири години се републички прваци.

И двајцата од Општината Штип како генијалци беа прогласени за првенци во генерацијата во СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ и добија ваучери од 10.000 денари, еднократна парична помош по 30 илјади денари и редовна стипендија. Како први во генерацијата тие сега по завршувањето на средното образование ќе бидат ослободени и од партиципација при запишувањето на факултет.

Т. ЈОВАНОВСКИ