Со претставите „Куршуми над Бродвеј“ (фото) и „Кармен“, скопскиот Драмски театар денеска (3 декември) настапува на седмиот театарски фестивал РУТА, во организација на Београдско драмско позориште. Фестивалот почна вчера, а ќе трае до 6 декември.
Фестивалот се отвори со претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ од авторот Душан Јовановиќ, во режија на Иван Пеновиќ. Оваа претстава е копродукција на Драмски театар од Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалишче од Љубљана и Град театар од Будва.
„Куршуми над Бродвеј“ е работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт. Режијата и драматизација се на Ненад Витанов. Монодрамата „Кармен“ со Билјана Драгичевиќ-Пројковска е во режија на Дејан Пројковски, а работена е според романот на шпанскиот писател Мигел Делибес.