„БРУКЛИН 9-9“ ЗАВРШУВА ПО ОСМАТА СЕЗОНА

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

„Бруклин 9-9“ ја завршува својата смена на Ен-Би-Си. Омилената комична серија и дефинитивно ќе престане да се снима по претстојната, осма сезона, што ќе се емитува во 2021/22 година, објави ТВ-мрежата.

„Му благодарам на Ен-Би-Си што на овие ликови и на нашите фанови им овозможи крај каков што заслужуваат“, изјави извршниот продуцент Енди Гор.

Серијата, чие дејство се случува во полициска станица во Бруклин, почна да се емитува во 2013 година на „Фокс“ и веднаш освои Златен глобус за најдобра комедија и за најдобар актер (Енди Самберг). По пет сезони беше откажана, за потоа да биде обновена на Ен-Би-Си во 2019. Последната сезона ќе има само десет епизоди.