ЏЕЈМИ БЕЛ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ СЕМЕЈСТВОТО ШЕЛБИ ВО НОВАТА СЕРИЈА „ПИКИ БЛАЈНДЕРС“

Лондон, (Би-Би-Си)

Џејми Бел ќе биде ѕвездата на новата серија „Пики Блајндерс“, чие дејство ќе се одвива во 1950-тите. Следната генерација на семејството Шелби ќе ја предводи Дјук Шелби, кого ќе го глуми Бел.

На актерската екипа ќе ѝ се придружат и ѕвездата на „Чудни нешта“, Чарли Хитон, Џесика Браун Финдли и Лашана Линч.

Приказната за криминалното семејство од Бирмингем ќе се одвива десет години по актуелниот филм „Пики Блајндерс: Бесмртник“. Новата серија ќе ги истражува последиците од Втората светска војна врз градот, додека го следи „постариот, помудар, поамбициозен и поопасен Дјук“.

„Воодушевен сум што најавуваме нова ера на ‘Пики Блајндерс‘, преместувајќи ја приказната во повоениот Бирмингем во раните 1950-ти. Имаме неверојатна среќа што Џејми Бел ја презема улогата на најстариот син на Томи Шелби, Дјук“, кажа креаторот на серијата Стивен Најт.

Потврдено е снимањето на две сезони со по шест едночасовни епизоди.