Првпат по 15 години, холивудската икона на хорори Роберт Енглунд повторно ќе ги облече џемперот и канџите на Фреди Кругер.

Тој ќе ја репризира улогата што го прослави не во хорор, туку во комедија, појавувајќи се во специјалната епизода на серијата „Голдбергови“, што ќе се емитува на 26 септември, во пресрет на Ноќта на вештерките.

Енглунд осум пати го играше Фреди Кругер, почнувајќи од 1984 година и ги закачи канџите на клин во 2003, со филмот „Фреди против Џејсон“.

Веќе сум престар за да снимам нов филм за Фреди. Сега да треба да снимам сцена со борба, тоа би требало да биде нешто минимално, затоа што имам болки во ‘рбетот. Сè уште можам да бидам зол и страшен, но сега главно сум ограничен на улоги на стари доктори, професори и такви работи. Ќе биде забавно уште еднаш, за последен пат да го играм Фреди како поздрав на публиката“, изјави 71-годишниот Енглунд.