МАЈКЛ КОРС ГО КУПУВА „ВЕРСАЧЕ“ ЗА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Версаче“, италијанската модна куќа основана од Џани Версаче пред 40 години, ќе му биде продадена на Мајкл Корс, објави весникот „Кориере дела сера“.

Американската модна група постигнала договор да го купи легендарниот бренд за две милијарди долари, само една година откако го презеде и производителот на луксузни чевли Џими Чу за повеќе од една милијарда долари.

Семејството Версаче поседува 80% од компанијата, додека останатите 20% пред четири години беа продадени на американската групација „Блекстоун“.

Се очекува зделката со Мајкл Корс да биде потврдена на утрешниот состанок на бордот на компанијата, што го свика потпретседателката Донатела Версаче.

Нејзиниот брат Џани беше убиен во јули 1997 година во Мајами.