КЕВИН СПЕЈСИ ОСТАНА БЕЗ ПОЧЕСНАТА НАГРАДА ЕМИ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Меѓународната академија за телевизиски уметности објави дека ја повлекува одлуката на Кевин Спејси да му ја додели почесната награда Еми, откако беше откриено дека тој пред повеќе од 30 години се обидел да заведе 14-годишно момче.

Двократниот оскаровец и еден од најпочитуваните американски актери требаше да ја добие наградата на посебна свеченост во Њујорк наредниот месец.

„Како последица на најновите настани, Академијата ја повлекува наградата во чест на Кевин Спејси“, се вели во соопштението.

Спејси јавно се извини за своето недолично однесување, додавајќи дека не се сеќава на случката од 1986 година, кога на една забава во Њујорк сексуално го вознемирувал тогаш 14-годишниот актер Ентони Рап.

Ден по откритието на Рап, „Нетфликс“ објави дека наредната, шеста сезона на „Куќа од карти“ ќе биде последна за оваа наградувана серија, појаснувајќи дека веќе некое време размислувале за тоа.

Место тоа, „Нетфликс“ има во план нова серија, која би се фокусирала врз Даг Стемпер (Мајкл Кели), еден од најпопуларните ликови од „Куќа од карти“, кој е најверен соработник на Френсис Андервуд (Спејси).