„Нетфликс“ објави трејлер за документарната серија „Диносауруси“, чиј извршен продуцент е Стивен Спилберг. Таа доаѓа на стриминг платформата на 6 март.
Серијата ќе го „оживее“ праисторискиот свет на досега невиден начин, а четирите епизоди ќе го следат еволуцискиот пат на древните животни со помош на најсовремени визуелни ефекти. Наратор е оскаровецот Морган Фриман.
„Оваа серија ќе ја донесе приказната за подемот и падот на диносаурусите: каде настанале, зошто владееле, како се развивале и како исчезнале“, се вели во најавата на серијата.
(Фото: Нетфликс)