ОБЈАВЕНИ ДВА ТРЕЈЛЕРА ЗА ВТОРАТА СЕЗОНА НА „КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ“, ПРЕМИЕРАТА Е ВО ЈУНИ

Њујорк, (Вараети)

Ејч-Би-О објави два одделни трејлера за втората сезона на „Куќата на змејот“, кои се фокусираат на двете спротивставени страни во серијата. Втората сезона ќе има премиера на 16 јуни.

Во „црниот“ трејлер се прикажани Ренира, принцот Дејмон и нивните сили од Дрегонстоун, а „зелениот“ се фокусира на тимот на Алисент, нејзиниот татко Ото и нејзините деца Егон и Емонд. Втората сезона ќе го означи почетокот на Танцот на змејовите, односно на граѓанската војна на Таргарјени.

Таа беше навестена на крајот на првата сезона, кога Емонд ги убива синот на Ренира, Лусерис и неговиот змеј.

Оваа серија е заснована врз книгата на Џорџ Р. Р. Мартин, „Крв и оган“, која ја раскажува приказната на куќата Таргарјен.

Во главните улоги се враќаат Ема Д‘Арси, Оливија Кук, Мет Смит и Рис Иванс, но ќе се појават и бројни нови ликови.