ТРЕТАТА СЕЗОНА НА „КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ“ ИЗЛЕГУВА ВО ЈУНИ

Лос Анџелес, (ИМДБ)

Третата сезона на ТВ-серијата „Куќата на Змејот“ премиерно ќе почне да се прикажува од јуни, објави Ејч-Би-О со трејлер. Третата сезона ќе има осум епизоди.

Сезоната ги опфаќа настаните од книгата „Крв и оган“ на Џорџ Р. Р. Мартин, која ја раскажува приказната за куќата Таргарјен. Книгата е претходник на „Песна за мразот и оганот“, според која беше снимена серијата „Игра на тронови“. Главните улоги ги играат: Оливија Кук, Ема Д’Арси и Мет Смит.

На 5 август беше прикажана последната, осма епизода од втората сезона.

„Куќата на змејот“ ќе има и четврта последна сезона, која треба да се прикаже во 2028.

 

(Фото: Ејч-Би-О)