ТВ-СЕРИЈАТА „АДОЛЕСЦЕНЦИЈА“ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НАСТАВАТА ВО СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ВО ФРАНЦИЈА

Париз, (Јуроњуз)

Британската серија „Адолесценција“ на „Нетфликс“ ќе се користи како алатка за учење во француските училишта, изјави министерката за образование Елизабет Борн.

Откако британскиот премиер Кир Стармер ги поздрави плановите за емитување на хит-серијата во средните училишта, Борн изјави дека таа ќе се прикажува од средните училишта, па нагоре.

Борн кажа дека продуцентот на серијата им ги дал правата и дека „министерството ќе понуди пет образовни секвенци за млади луѓе базирани на оваа серија“.

„Овие извадоци од ‘Адолесценција’, кои веќе се прикажани во британските училишта за да се поттикне дебата и да се спречи младите момчиња да бидат вовлечени во вртлогот на омраза и мизогинија, се голем показател за насилството што може да постои помеѓу младите“, кажа министерката.

Според неа, целта е да се помогне во подигањето на свеста за проблемот со прекумерното изложување на екрани и тривијализацијата на насилството на социјалните мрежи.

(Фото: Нетфликс)