ЗЕНДАЈА, СИДНИ СВИНИ И ЏЕЈКОБ ЕЛОРДИ СЕ ОБЕДИНИЈА НА ПРЕМИЕРАТА НА ТРЕТАТА И МОЖЕБИ ПОСЛЕДНА СЕЗОНА НА „ЕУФОРИЈА“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Ѕвездите на наградуваната серија „Еуфорија“, која ги лансираше кариерите на некои од најпопуларните млади актери во моментов, се собраа на премиерата на третата и можеби последна сезона во Лос Анџелес. Меѓу нив беа и Зендаја, Сидни Свини и Џејкоб Елорди, кои станаа суперѕвезди откако глумеа во првите две сезони.

Сидни Свини (Фото: АФП)

Третата сезона доаѓа четири години по претходната и креаторот на серијата Сем Левинсон откри дека нема ппанови за уште една сезона. И Зендаја претходно изјави дека оваа сезона веројатно е последна.

„Ако ми се појави инспирација и имам идеја, тогаш ќе разговарам со Ејч-Би-О. Но, снимањето беше долго и вложивме многу во секој оддел од него. Само сакаме оваа сезона да биде како што треба. Значи, ако ова е тоа, одлично. Ако има уште…“, кажа Левинсон.

Џејкоб Елорди (Фото: АФП)

Тој додаде дека новата сезона ќе му оддаде почит на актерот Ангус Клауд, кој почина на 25 години во 2023, така што ќе го одржи жив низ раскажувањето.

Премиерата на третата сезона е на 12 април.

(Фото: Гети)