ВЕНУС ВИЛИЈАМС ОБЈАВИ ДЕКА СЕ СВРШИЛА ОТКАКО СЕ ВРАТИ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ НА 45 ГОДИНИ

Вашингтон, (АП)

Венус Вилијамс објави дека се свршила откако имаше победнички камбек во професионалниот тенис. Откако стана втората највозрасна тенисерка која остварила победа на АТП-меч, по Мартина Навратилова, 45-годишната Вилијамс му се заблагодари на својот свршеник, кој беше на трибините во Вашингтон.

Американските медиуми го идентификуваа како Андреа Прети, италијански модел и актер роден во Данска.

Американската тенисерка, која има освоено седум гренд слем титули, не играше на турнири 16 месеци, пред да настапи на Ди-Си опен во Вашингтон. Следниот меч го игра вечерва против Магдалена Френх.

(Фото: АП)