„ВКУСИ ГО ЈУГОТ“ – МУЗИЧКО-ГАСТРОНОМСКИ ФЕСТИВАЛ ОД 12 СЕПТЕМВРИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 12 до 14 септември во Гевгелија ќе се одржи третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the South). Ова е традиционална културно-забавна манифестација за промоција на Гевгелија, која ги негува традицијата, културата и забавата.

Ќе настапат млади музичари и уметници кои изучуваат школа за тапани, школа за гитара и школа за танци, децата од фестивалот „Калинка“ и уште многу други. Организаторите најавуваат концерти на македонски етно, поп и рок пејачи и бендови. На програмата се и гастрономската понуда и подготовка на традиционални специјалитети, како слатко од гевгелиски смокви и мастика.