ЖЕНА ПРВПАТ ЌЕ ВОДИ НАТПРЕВАР ОД АНГЛИСКАТА ПРЕМИЕРЛИГА

Лондон, (Би-Би-Си)

Ребека Велч е првата жена која ќе суди натпревар од англиската Премиерлига. Таа е делегирана за главна судијка на мечот Фулам-Барнли, што ќе се игра на 23 декември.

Четириесетгодишната Велч почнала да суди во 2010 и во јануари стана првата жена која водела меч во Чемпионшип, што е англиска втора лига.

Ова е клучен момент за Ребека, која е врвна судијка. Таа ја заслужи оваа шанса“, изјави шефот на фудбалските судии во Англија, Хауард Веб.

Велч има големо искуство како судијка во женскиот фудбал, при што беше ангажирана и во Лигата на шампионите и на последното Светско првенство. Во 2022 водеше натпревар од машкиот ФА куп како прва жена на која ѝ била дадена таква шанса, а потоа беше четврта судијка на премиерлигашкиот дуел Фулам-Манчестер јунајтед.

(Фото: Гети)