Двете се големи љубителки на модата и секогаш се наоѓаат на листите на најдобро облечените жени на светот, па беше за очекување Меланија Трамп и кралицата Летиција да бидат во центарот на внимание при посетата на шпанската кралска двојка на Белата куќа.
Кралот Фелипе и кралицата Летиција се во тридневна посета на САД и на крајот беа нагостени од Доналд и Меланија Трамп.
Меланија ја пречека Летиција во маслинесто-бел фустан на „Валентино“ и чевли на Маноло Блахник, додека шпанската кралица избра уште полетна облека. Таа носеше розева креација без ракави од Мајкл Корс, која чини 1.695 долари, дополнувајќи го својот стил со металик сребрен ремен.
Фелипе и Летиција претходно ги посетија и Тексас и Њу Орлеанс, градови со длабоки шпански корени кои одбележуваат 300 години постоење и таа можеше да се види и во фустан на „Хуго Бос“ и „Каролина Херера“.
Од друга страна, Меланија Трамп во последно време зема поголемо учество во јавни настани, откако претходно никој ја немаше видено 25 дена.