„БУГАТИ“ ГО НАЈАВИ „ДИВО“ ОД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА

Минхен, (Си-Ен-Ен)

Кога е „Бугати“ во прашање, нема ограничувања, освен во поглед на тиражот.

Но, кога многумина помислија дека не може подобро од „широн“, италијанскиот производител на суперавтомобили го најави „диво“, именуван според легендарниот француски тркач Алберт Диво. Тој ќе биде произведен само во 40 примероци.

Со ‘диво‘ сакаме да ги возбудиме луѓето низ целиот свет“, кратко најави Штефан Винкелман, првиот човек на компанијата, која сега е во сопственост на „Фолксваген“.

Диво“ треба да стапне на територијата кадешто царуваат најдобрите од најдобрите, како хиперавтомобилите на АМГ, „Мекларен“ и „Порше“.

Веќе е позната и неговата цена и таа ќе изнесува неверојатни пет милиони евра, со што ќе биде најскап автомобил на светот. „Диво“ ќе има официјална премиера на 24 август во Калифорнија.

Тој треба да биде полесен од „широн“, а максималната брзина ќе му биде ограничена на 385 километри на час. Со тоа нема да биде и најбрзиот автомобил на светот и оваа титула и натаму ќе ја држи „кенигсег агера РС“, кој постигнува 420 км/час.