Иванка Трамп, ќерката на претседателот на САД, одлучи да го затвори својот моден бренд.
Таа се раздели од компанијата пред една година, кога влезе во Белата куќа како советник и сега се реши на ваков потег за да избегне судир на интереси.
„Ова нема никаква врска со работата на брендот, туку се базира исклучиво врз одлуката на Иванка Трамп да остане во Вашингтон“, изјави портпаролот на компанијата.
Таа го лансираше својот бренд во 2014 година, но откако Доналд Трамп победи на изборите, се соочи со бојкот од купувачите. По 17 месеци во Белата куќа, Иванка вели дека не знае кога и дали воопшто ќе се врати во тој бизнис.
„Во иднина, мојот фокус ќе биде на работата во Вашингтон, па ваква одлука е единствена коректна за мојот тим и за партнерите. Нема заедно да ја продолжиме нашата мисија“, изјави Трамп.