ПЕЈАЧКАТА ДЕМИ ЛОВАТО ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА ПО ПРЕДОЗИРАЊЕТО СО ХЕРОИН

Лос Анџелес, (Ролинг Стоун)

Американската пејачка Деми Ловато беше хоспитализирана денеска поради предозираност со хероин, објави „Ти-Ем-Зи“. Ловато е во стабилна состојба, велат изворите на „Варајети“.

Портпаролот на Противпожарната служба на Лос Анџелес (ЛАФД) потврди дека имале лекарска интервенција на адресата во Холивуд каде што живее Деми Ловато. ЛАФД пренела 25-годишен женски пациент во локалната болница. Полицијата, исто така, потврди дека нивно возило било испратено на адресата по повик, но полицајците не забележале никаква криминална активност. Претставниците на Ловато засега немаат коментар.

Пејачката не криеше дека има проблем со дрога и алкохол и минатиот октомври сними и документарен филм за нејзините проблеми „Едноставно зависна“ Во март, Ловато на Твитер кажа дека шест години нема земено дрога и алкохол.