БЕКАМ НА СУД ПОРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ

Лондон, (АФП)

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам се изјасни дека не е виновен за обвинението за брзо возење и во текот на месецов ќе се појави на суд.

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и на Реал Мадрид, кој играше 115 пати за својата земја, во јануари беше фатен како го вози неговото „бентли“ од 200.000 фунти со 94 километри на час во една населба во Лондон, кадешто брзината е ограничена на 60 километри.

Бекам не се појави на денешното рочиште во Лондон, но неговиот адвокат Ник Фримен рече дека тој ќе дојде на судењето на 27 септември.