Сер Дејвид Бекам стана првиот фудбалер што добил ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.
Поранешниот капитен на Англија го доби признанието поради фудбалската кариера и влијанието кое го има во модата и поп-културата.
Бекам ја доби 2.849-тата ѕвезда на Патеката на славните. Меѓу другите спортски личности кои имаат ѕвезда се: Шекил О’Нил, Били Џин Кинг и Мухамед Али.
„Морам да признаам дека сето ова изгледа прилично надреално. Доживеав многу неверојатни моменти во мојата кариера, но да бидам овде во Лос Анџелес и да добијам ѕвезда на светски познатата Патека на славните е навистина неверојатно“, рече Бекам на свеченоста.
(Фото: Гети)