„ФЕРАРИ“ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ НАЈМОЌЕН АВТОМОБИЛ ДОСЕГА, ВРЕДЕН МИЛИОН ФУНТИ

Маранело, (Гардијан)

„Ферари“ го најави својот нов суперавтомобил без покрив, што го опиша како „најблиско и најчисто возачко искуство до Формула 1“. Иако неговата цена ќе биде околу еден милион фунти, сите модели однапред се распродадени.

Претставен на приватен настан во седиштето на компанијата во Маранело, „810хп монца“ ќе биде произведен во само 500 примероци и ќе може да достигне брзина од 100 километри на час за неполни три секунди.

„Со моторот од 810 коњски сили, ‘монца‘ ќе биде најмоќното ‘ферари‘ во историјата. Во исто време, отворениот кокпит ќе придонесе за возачко искуство најблиско до Формула 1 досега“, кажа Николо Боари, шефот на маркетингот на „Ферари“.

Ќе има две верзии на автомобилот, со едно и со две седишта и на настанот присуствуваа само неговите идни сопственици.

Според примерот на ривалите „Ламборгини“ и „Астон мартин“, и „Ферари“ планира да го развие својот прв теренец.