Студиото „Заха Хадид“ претстави 22 килими, чии дизајни се инспирирани од проектите на славната архитектка, која почина во 2016 година.
Дизајните на рачно ткаените килими вклучуваат четири теми кои беа препознатливи за работата на Хадид, како пејсажи во пиксели и форми на клетки.
Меѓу формите кои ќе се препознаат се дизајните на Интернационалниот културен центар за млади во Нанџинг и Националниот музеј на уметност на 21. век во Рим.