„Тесла“ ќе го прекине производството на контроверзниот камионет „Сајбертрак“ во својата фабрика во Тексас следната година, вели Илон Маск.
Тој не прецизираше дали планира целосно укинување на моделот или ќе го префрли производството на друго место, но рече дека одлуката има за цел да се ослободи простор за поголемо производство на самовозечките автомобили „Сајберкеб“.
Главниот инженер на проектот Вес Морил сугерираше дека возилото ќе биде згаснато, пишувајќи на Икс:
„‘Сајбертрак‘ беше неверојатна платформа за развој на технологијата и продолжува да живее преку ‘Сајберкеб‘“.
Со својот препознатлив аголен изглед, „Сајбертрак“ привлече обожаватели, но беше оптоварен со одложувања пред да биде лансиран во 2023 година и имаше разочарувачка продажба. Во април годинава, Маск кажа дека „Сајбертрак“ е најдобриот производ некогаш создаден од „Тесла“.
(Фото: Гети)