КРИС ЕВАНС СЕ ПРОСТИ ОД ЛИКОТ НА КАПЕТАН АМЕРИКА СО СНИМАЊЕТО НА „ОДМАЗДНИЦИ 4“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Крис Еванс потврди дека се повлекува од улогата на Капетан Америка по седум години, улога што ја играше во десет филмови на Марвел, почнувајќи од „Капетан Америка: првиот одмаздник“.

Тој, исто така, беше дел од оригиналните филмски Одмаздници, покрај Ајрон Мен, Тор, Халк, Блек Видоу и Хокај.

Откако заврши со снимањето на „Одмаздници 4“, 22. филм на Марвел, тој им се обрати на фановите преку Твитер.

„Завршивме со ‘Одмаздници 4‘. Тоа беше емотивен ден. Беше голема чест да се игра оваа улога осум години“, напиша Еванс.

Филмското студио „Марвел“ стана вистински холивудски гигант од излегувањето на првиот „Ајрон Мен“ во 2008 година. „Капетан Америка: првиот одмаздник“, кој излезе во 2011, беше петти филм од серијалот, кој на поширока публика ѝ го претстави Стив Роџерс, кој станува супервојник откако му бил даден специјален серум.