ЌЕРКА НА УКРАИНСКИ ОЛИГАРХ ВЛЕТА СО ЏИП ВО ПЕШАЦИ И УБИ ШЕСТМИНА

Харков, (Дејли Мејл)

Гламурозната 20-годишна ќерка на украинскиот олигарх Васили Зајцев била приведена откако поминала на црвено светло и удрила во толпа луѓе на тротоар, убивајќи шестмина и повредувајќи десетина други, соопшти украинската полиција.

Со нејзиниот џип Лексус, возејќи по прометна улица во градот Харков, Алјона Зајцева удрила во луѓето кои мирно чекале на тротоарот. Нејзините телохранителите дошле веднаш по несреќата со два џипа и ја одбраниле од гневната толпа. Една од жртвите е и 15-годишна средношколка, додека самата Алјона не била повредена.