БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР СЛАВИ 82 ГОДИНИ СО ПРЕМИЕРА НА „КОРИОЛАН“, СЕ ОТВОРА ФЕСТИВАЛОТ ШЕКСПИР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Народниот театар Битола на 14 ноември ќе одбележи 82 години од основањето со отворање на 12. издание на Шекспир фестивалот и со премиера на претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел.

Фестивалот годинава ќе донесе театарски продукции и уметници од Италија, САД, Ерменија, Романија, Грузија и Малта. Автор на фестивалскиот плакат е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо.

Претставата „Кориолан“,премиерно беше изведена на Охридско лето и досега имаше три меѓународни гостувања, а на 14 ноември првпат ќе биде изведена на матичната сцена пред битолската публика.

Народниот театар Битола е основан на 14 ноември 1944 и е најстариот театар во Македонија.

Ж. ЗДРАВКОВСКА