„БОЕМСКА РАПСОДИЈА“, БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ ЗА „КВИН“, ОД ДЕНЕСКА ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Боемска рапсодија“, долгоочекуваниот биографски филм за групата „Квин“ и за нејзиниот легендарен фронтмен Фреди Меркјури, од денеска игра во скопските кина Синеплекс и Милениум.

Овој филм беше најавен уште пред осум години и по Саша Барон Коен и Бен Вишо, насловната улога на Меркјури на крајот ја доби ѕвездата на ТВ-серијата “Господин Робот“, Рами Малек. Иако филмот го доврши Декстер Флечер, како режисер е наведен Брајан Сингер, кој беше отпуштен во финишот на снимањето минатиот декември.

Филмот ја следи групата од нејзиното основање во почетокот на 70-ите до легендарниот настап на концертот Лајв еид на стадионот „Вембли“ во 1985 година.

И останатите членови на групата ги играат малку познати актери: Гвилим Ли е гитаристот Брајан Меј, Бен Харди е тапанарот Роџер Тејлор, а Џозеф Мацело е басистот Џон Дикон.