„ИГРА НА ТРОНОВИ“ ЈА ИЗДАДЕ СВОЈАТА КОЛЕКЦИЈА ШКОТСКО ВИСКИ

Лондон, (Ескваер)

Ејч-Би-О конечно го кажа месецот во кој се враќа „Игра на тронови“ со својата осма и последна сезона, и тоа е април, со што на фановите им остануваат уште пет месеци чекање до завршната борба за Седумте кралства.

До тогаш, тие ќе можат да уживаат во посебна колекција виски брендирана од „Игра на тронови“, која има осум различни етикети, соодветно на осумте сезони од серијата.

Тие се произведени во некои од најпопуларните шкотски дестилерии, при што секоја од седумте куќи на Вестерос (Таргарјен, Тали, Старк, Баратеон, Грејџој, Ланистер и Тајрел) има добиено свое посебно шише, плус Ноќна стража, која се издвојува по целосно црната амбалажа.

Шишињата се веќе пуштени во продажба по цена меѓу 30 и 100 долари.

Претходно, и „Џони вокер“ излезе со посебна серија „Вајт вокер“, посветена на Белите шетачи.