Зад Чикаго е најстудениот ден во неговата историја, откако беа измерени рекордно ниските -30 Целзиусови степени и вакви екстремни температури изминативе денови беа вообичаени за американскиот среден запад, како последица на феноменот наречен поларен вртлог. Вонредна состојба беше прогласена во неколку сојузни држави, а затоплување се најавува од овој викенд.
„Ова беше историски студ, но жителите на Чикаго се историски силни“, изјави градоначалникот Рам Емануел.
Изминативе денови толку беше студено што на луѓето им се препорачуваше да не зборуваат многу кога се надвор и да не земаат длабоко здив.
Фотографиите на ефектите на бруталниот студ ги преплавија социјалните мрежи и од нив најдобро може да се види како изгледаше тоа.