БИЈОНСЕ ГИ НАГРАДУВА ФАНОВИТЕ СО ДОЖИВОТЕН БИЛЕТ ЗА СВОИТЕ КОНЦЕРТИ, НО САМО АКО СЕ ВЕГАНИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Бијонсе им понуди можност на своите американски фанови да добијат бесплатен доживотен билет за нејзините концерти, но притоа има еден услов: тие мора да докажат дека се хранат повегански.

Аренби кралицата ја сподели својата понуда на Инстаграм, каде што има 123 милиони следбеници, при што еден од нив ќе добие билет со важност од 30 години. Таа го одржува натпреварот преку проектот „Гринпринт“, кој ги нагласува позитивните ефекти што вегетаријанството ги има врз животната средина. Фановите притоа треба да покажат колку од нивните оброци се базираат врз растенија.

Натпреварот важи само за оние кои живеат во САД и победникот ќе може да поведе некого со себе на концертите. Се проценува дека вредноста на наградата изнесува околу 12.000 долари.