„Форд фокус“ ја понесе титулата Автомобил на годината во Македонија, што се додели по 24. пат.
Во конкуренција на модели кои лани дојдоа на македонскиот пазар, четвртата генерација на „фокус“ се најде меѓу петте финалисти и победи со освоени 69 гласови од националното жири. Само два бода помалку собра „ситроен Ц5 еркрос“, кој е прогласен за најдобар теренец.
Во најдобрите пет уште се најдоа „киа сид“, „опел грендленд“ и „волво Екс-Ц 40“.
Ова е втор триумф за американската компанија на овој избор и доаѓа четири години по успехот со „мондео“.
Европската верзија на четвртата генерација на „фокус“ беше претставена минатиот април, на 20-годишнината од појавата на овој модел.