Бар во Израел воведе 25 отсто попуст на сите пијалоци за жени кои имаат менструален циклус.
Попустот се дава на доверба во понеделник, вторник, среда и во сабота. Жените треба само да му кажат на келнерот дека имаат месечен циклус.
Сопственичките на барот „Ана Лулу“ во Тел Авив, велат дека се одлучиле за ваков чекор бидејќи жените 25 отсто од нивниот живот имаат месечен циклус, па заслужуваат да добијат награда за тоа. Тие се надеваат дека оваа тема многу поотворено ќе се дискутира особено од мажите.
„Идејата за воведување на ваков попуст е да покажеме дека сме свесни за ситуацијата во која се наоѓаат жените за време на месечниот циклус и затоа сакаме да им направиме услуга“, вели Моран Барир, една од сопственичките на локалот.
Барир вели дека идејата настанала токму во барот. Таа нарачала чаша вино а шанкерот не запомнил дали сакала бело или црвено.
„Му реков еве како ќе запомниш. Имам месечен циклус, па донеси ми црвено“, вели Барир.