Екипа на Би-Би-Си успеа да сними редок црн царски пингвин, за кој се верува дека можеби е единствен примерок на светот.
Со стомакот прекриен со црни пердуви, тој бил забележан во заливот Атка, покрај брегот на Антарктик и краткото видео насловено „Најреткиот пингвин на светот“ ќе биде вклучено во документарната серија на Дејвид Атенборо, „Династии“.
Според Би-Би-Си, оваа состојба се должи на меланизам, кој целото тело го претвора во црно, но оваа мутација е исклучително ретка меѓу пингвините. Бидејќи тоа ги издвојува од останатите пингвини, тие се лесна мета на предатори и затоа е необично да преживеат до зрела возраст.
Последен ваков случај бил забележан од „Нешнал џиографик“ во 2010 година.
„Неверојатно! Ова изгледа толку бизарно што не ми се верува. Ова е мутација еден во зилион случаи“, вели орнитологот Алан Бејкер, професор на Универзитетот во Торонто.