ГАЗДАТА НА „АМАЗОН“ НАЕДНАШ СТАНАЛ НАЈГОЛЕМИОТ ДОБРОТВОР НА СВЕТОТ СО ДОНИРАНИ 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Гардијан)

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, изби на првото место на листата на најголемите добротвори, иако досега не го следеше ваков углед.

Според најновата годишна листа на сајтот Филантропи, Безос минатата година донирал повеќе од кој било друг во САД, вклучувајќи ги и Мајкл Блумберг и Бил Гејтс. Безос, чија компанија „Амазон“ вреди 137 милијарди долари, донирал две милијарди долари преку фондацијата основана од неговата сега веќе бивша сопруга Мекензи, која се бори против сиромаштија и бездомништво и финансира предшколско образование и заедници со мали примања.

Второпласираниот Блумберг лани донирал 767 милиони долари, а Пјер и Пем Омидјар („Ибеј“) се трети со 392 милиони. Марк Закерберг за различни цели донирал 213 милиони долари, со што е седми на листата.

Севкупно, 50-те луѓе од листата лани донирале 7,8 милијарди долари, што е двојно помалку во однос на 2017.