КУЛА СО ВЕРТИКАЛНА ШУМА ЌЕ БИДЕ НОВ СИМБОЛ НА ТИРАНА

Тирана, (Дезин)

Кула со вертикална шума, дизајн на италијанскиот архитект Стефано Боери, ќе биде нова препознатливост на Тирана и на неа ќе бидат посадени разнобојни и миризливи цвеќиња и растенија. Ваквите кули станаа специјалност на Боери, кој има проектирано и за Милано, Утрехт и Нанџинг.

Посебно внимание ќе се посвети на изборот на растенијата што ќе се посадат на балконите и терасите.

„Тирана е медитерански град, па за фасадата се избрани видови токму од овој конкретен екосистем, како грмушки со нагласена зелена боја, како и со жолти и виолетови цвеќиња“, изјави архитектката Лаура Гати.

Планирано е на фасадата да се засадат 3.200 грмушки и 145 дрвја и Боери тврди дека на овој начин ќе создаде зелена површина од 550 квадратни метри. Кулата со 21 кат ќе има 105 станови, како и простор за продавници.