РЕАЛНИТЕ ШОУА СЕ ЕПИДЕМИЈА НА ГРДОТИЈА, ВЕЛИ ПАМЕЛА АНДЕРСОН

Лос Анџелес, (Скај)

Памела Андерсон повика да престанат да се емитуваат реални шоуа, бидејќи, како што вели „придонесуваат луѓето да се чувствуваат искористено, валкано и без никакво чувство дека нешто постигнале во животот“.

Поранешната ѕвезда на „Чувари на плажата“ го критикуваше популарниот ТВ-формат, и покрај тоа што се има појавено во „Големиот брат“, „Танц со ѕвездите“ и во „Танц на мраз“.

„Дали уживав да бидам дел од реално шоу? Ве молам, немојте веќе да ги емитувате и да правите ѕвезди од тие луѓе. Дури и Франција е загадена од нив. Тоа е епидемија на грдотија, на површни натпревари, очајни за уметникот“, вели Андерсон, додавајќи дека заработените пари од учеството во реалните шоуа ги донирала во хуманитарни цели.

Нејзините коментари следат откако двајца поранешни учесници во британското ТВ-шоу за запознавање се самоубија, а телевизијата вети дека на сите учесници ќе им понуди терапија и совети за финансиско менаџирање.