ГЛУМИЦАТА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ НАЈДЕНА МРТВА ВО БАЊА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Глумицата од Драмскиот театар Билјана Беличанец (45) доцна синоќа околу 23 часот била пронајдена мртва во бања во стан во центарот на Скопје, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од полицијата.

Неофицијално, била најдена обесена. МВР најави дека денеска ќе излезе со официјална информација за случајот.

Билјана Беличанец од 2013 до 2017 година беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода избрана на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Во тоа време беше особено позната по натсинхронизацијата на гласот на ликот Хурем во турската серија „Сулејман Величествениот“.

По излетот во политиката таа му се врати на театарот. Нејзини последни претстави се „Господа Глембаевски”и „Последните Македонци” во нејзината матична куќа Драмскиот театар во кој игра од 1997 година. Пред тоа беше вработена во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Во 2009 ја доби наградата на фестивалот „Војдан Чернодрински“ за главна женска улога во „Кинегонда во Карлаленд“, а во 2012 за улогата во „Генетика на кучињата“ што потоа беше прекрстена во „Господа Глембаевски“.

Неодамна се омажи со битолскиот режисер Сашо Миленковски. Тоа беше нејзин втор брак. Остави две малолетни деца од првиот брак со скопски стоматолог.

Б. НЕСТОРОСКА