ПОЛСКИТЕ МУЗИЧАРИ ПАТИРА И КУРЕК ЌЕ ОДРЖАТ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 17 НОЕМВРИ ВО РАМКИТЕ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Полските музичари Мариуш Патира (виолина) и Радослав Курек (пијано) ќе одржат концерт на 17 ноември од 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата во организација на Охридско лето. Концертот е дел од активностите на Охридско лето надвор од редовната летна фестивалска сезона.

„Со овие концерти продолжуваме да ја промовираме врвната музичка уметност и да ѝ овозможуваме на публиката квалитетни музички доживувања во текот на целата година“, велат од Охридско лето.