СОНЧЕВ БРЕГ ВО БУГАРИЈА ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈЕВТИН ТУРИСТИЧКИ РЕСОРТ ВО ЕВРОПА

Лондон, (Би-Би-Си)

Сончев Брег во Бугарија е прогласен за најевтин туристички ресорт во Европа, во анализата која опфати 20 популарни летни одморалишта.

Цените во овој ресорт на Црното Море се за една третина пониски во споредба со неговиот најблизок конкурент, Алгарвe во Португалија, покажа истражувањето на британскиот сајт „Поуст офис тревл мани“. При анализата, предвид биле земени цените на девет туристички елементи, како ручек, вечерни оброци, пијачки и крема за сончање.

Зад Сончев Брег и Алгарвe се пласираа Мармарис (Турција), Торемолинос (Шпанија), Бенидорм (Шпанија), Крит (Грција), Пафос (Кипар), Слиема (Малта), Лимасол (Кипар) и Аликанте (Шпанија). Соренто во Италија е најскапата од анализираните дестинации, со цени трипати повисоки од оние во Сани Бич.

Во бугарскиот ресорт, цените минатата година паднале за 10,7%, па ручек за двајца може да се најде за 8,42 фунти, а чаша вино во бар за 1,17 фунти.