„БУБАМАРА“ Е НАЈСЛУШАНОТО РАДИО И НА ИНТЕРНЕТ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Радиото „Бубамара“ има повеќе пати поголема слушаност преку интернет од поголем број радиостаници, стои во најновото истражување за слушаноста на радиостаниците преку нивните стрим-сервиси.

Во истражувањето, спроведено на 27 март преку линковите од стрим-сервисот на поголем број радиостаници, утврдено е дека дневно најголем пик на слушатели во исто време имало радио „Бубамара“ со 1.095 слушатели, па следуваат „Фортуна“ со 730 и „Скај радио“ со 550. На четврто место е „Антена 5“ со 405 слушатели, „Канал 77“ има 309, а „Сити радио“ 300 слушатели.

Низ Скопје во просек дневно се движат околу 60-70.000 возила, а повеќето од возачите ги слушаат своите омилени радиостаници и во просек поминуваат околу 60-80 минути во автомобил. И според последното истражување нарачано од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кое го подготви агенцијата „М-вижн“, објавено во декември 2018, „Бубамара“ е најслушана фреквенција во Скопје.