ПЕНДАРОВСКИ И СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ОДАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ, ИЗЛЕЗНОСТА ЕДВАЈ 42%

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
epa07518988 A woman casts her ballot during the first round of the presidential elections, at a polling station in Skopje, North Macedonia, 21 April 2019 More than 1.8 million people are elegible to vote in the North Macedonia presidential elections. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова ќе се соочат во вториот круг на претседателските избори, што ќе се одржи на 5 мај.

Во една од најтесните изборни трки досега, но и со најниска излезност, Пендаровски победи во првиот круг со разлика од само неколку илјада гласови.

  • Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и неговите коалициони партнери, освои 323.846, односно 42,85% гласови.
  • За Гордана Силјановска-Давкова (ВМРО-ДПМНЕ) гласаа 319.240 избирачи (42,24%).
  • Блерим Река (Алијансата на Албанците и Движење Беса) освои 79.915 гласови (10,57%) и со тоа не успеа да влезе во вториот круг.
  • Излезноста во првиот круг беше 41,82%, односно на изборите излегле 755.816 гласачи.
  • Бројот на неважечки гласачки ливчиња е 32.828.
  • Вториот круг на изборите ќе се одржи на 5 мај.