По повод 9 Мај, Денот на Европа, низ скопската Зоолошка градина ќе се одржи детска трка.
Во ботаничката градина ќе има четири трки: машка и женска на 150 метри за деца на возраст од седум и осум години, како и на 100 метри за деца од пет и шест години.
„Пријавувањето ќе почне утре. За сите деца обезбедени се подароци, а за првите три места во секоја категорија ќе има посебни награди и медали“, велат од Зоолошката градина.
Детската Зоо трка, која ќе се одржи за првпат, е во организација на Зоолошката градина, Агенција за млади и спорт и Град Скопје.