ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ТРУДО СЕ ПОЈАВИ КАКО СУПЕРМЕН ЗА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ

Отава, (Дејли Мејл)

Канадскиот премиер Џастин Трудо за Ноќта на вештерките се маскираше како Кларк Кент односно Супермен.

Трудо излезе од зградата на Долниот дом облечен во син костим, црвена вратоврска и очила, стил по кој беше препознатлив новинарот Кларк Кент во филмот Супермен. Симнувајќи се по скалите, пред новинарите премиерот ја откопча кошулата под која носеше костим на супер херојот.

Премиерот на Канада потоа замина со сопругата и трите деца на прославата по повод Ноќта на вештерките.