НАЈСИТНОТО БЕБЕ НА СВЕТОТ СЕ ИЗБОРИ ЗА ЖИВОТ ОТКАКО СЕ РОДИ СО САМО 245 ГРАМА

Сан Диего, (Би-Би-Си)

Бебе кое тежело само 245 грама кога се родило се избори за живот и здраво излезе од болницата во Сан Диего, Калифорнија.

Според регистарот на Универзитетот во Ајова, девојчето Сејби е најситното бебе кое успеало да преживее, надминувајќи го рекордот на бебе од Германија, кое имало 252 грама кога се родило во 2015 година.

Сејби тежела колку големо јаболко кога се родила во 23. недела во декември 2018 и оттогаш беше на одделот за интензивна нега во болницата во Сан Диего. Лекарите првично им кажале на родителите дека бебето нема да издржи повеќе од неколку часа.

Но, пет месеци подоцна, бебето ја напушти болницата со тежина од 2,5 килограми, надминувајќи ги сите очекувања и прогнози.

„Напредокот на Сејби и нејзиното излегување од болница се вистинско чудо“, изјави една од медицинските сестри што се грижеа за неа.

Мајката на Сејби, која бараше да остане анонимна, морала да се породи три месеци пред терминот откако ѝ била дијагностицирана прееклампсија, компликација која вклучува висок крвен притисок што може да биде фатална.

„Таа беше толку мала што ја собираше во дланка. Таа преживеа затоа што не претрпи ниту една од вообичаените компликации што се јавуваат во вакви случаи“, кажаа од болницата.