„Мрачниот Феникс“ заработи само 33 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во Северна Америка, што е најлош старт за еден филм од франшизата „Икс-Мен“. Тој помина нешто подобро во остатокот од светот, каде што заработи 140 милиони долари, но ниту тоа веројатно нема да го спаси филмот од загуба, која се проценува дека ќе биде меѓу 100 и 200 милиони долари, имајќи предвид дека во него севкупно биле вложени околу 350 милиони.
Дванаесеттиот филм од серијалот потфрли и покрај тоа што немаше вистинска конкуренција на киноблагајните овој викенд, но анимираниот филм „Тајниот живот на милениците 2“, сепак, заработи 13 милиони повеќе.
Освен кај фановите, „Мрачниот Феникс“ лошо помина и кај критичарите, а не помогна ни погрешниот маркетинг, откако режисерот Сајмон Кинберг откри дека Мистик, што ја игра Џенифер Лоренс, умира во филмот.