Српскиот пејач и актер Ѓорѓе Давид ќе настапи вечерва во Сули ан во Старата скопска чаршија во рамките на Скопско лето.
Педесет и четиригодишниот Давид се проби на југословенската музичка сцена како фронтмен на „Генерација 5“, чиј пејач беше во втората фаза од постоењето на групата, во 1990-ите. Тој во Скопје ќе настапи со својот последен состав „Death Saw“.
Како дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности во Белград, Давид играше и во неколку српски филмови и серии, главно во 1980-ите.
Концертот почнува 21 часот, а влезниците чинат 200 денари.