МЕМОАРИТЕ НА ЕДВАРД СНОУДЕН ИЗЛЕГУВААТ ВО СЕПТЕМВРИ

Москва, (ДПА)

Едвард Сноуден, свиркачот кој во 2013 година објави доверливи американски и британски разузнавачки документи, ќе ги издаде своите мемоари „Permanent Record” на 17 септември.

Сноуден, кој е поранешен вработен во Националната безбедносна агенција на САД (НСА), сакал да ја опише неговата криза на совеста што довело до тоа да ги открие информациите, вели германскиот издавач на книгата, С. Фишер Верлаг. Книгата во исто време ќе излезе во 20 земји, меѓу кои и САД и Велика Британија.

Триесет и шестгодишниот Сноуден денес живее во Русија, кадешто доби азил. Откако протекоа информациите од НСА, тој ги напушти САД и беше задржан на аеродромот во Москва. Сноуден во САД се товари за издавање тајни документи на специјалните служби и му се закануваат до 30 години затвор. Неговата приказна веќе е опишана во неколку филмови и книги.